Терапија со ударни бранови
(shock wave)


Shockwave терапија или во буквален превод ударен бран функционира врз основа на акустични бранови кои пренесуваат висока енергија до местото што се третира. Овој процес влијае на разградување на наслаги или регенерација на ткивата и се применува при опоравување на коскено-мускулниот систем.
Важно е да се напомене дека овој единствен вид терапија го забрзува регенеративниот процес преку стимулирање на формирање нови крвни садови. Со други зборови, подобрената циркулација на болното место значи подобар проток на кислород и хранливи материи кои влијаат на опоравокот на коските, мускулите и другите ткива.
Shockwave терапијата е многу ефикасна не само при акутни, туку и при хронични воспаленија, особено кога организмот престанува да реагира на хроничниот воспалителен процес. Во такви случаи е важно да се вклучи Shockwave терапијата за повторно активирање на „заспани“ механизми за елиминација на воспаленијата, а со тоа и на болката.
Индикации за примена на Shockwave терапијата:
- Болно рамо
- Болни состојби на Ахилова пета
- Тениски лакт, голферски лакт
- Хронична тендинопатија
- Калцификати во мускули, лигаменти и тетиви
- Болка во колкови и карлицата
- Повреди и болки во грбот и вратот
- Скокачко колено
- Болка во мускулите на „задната ложа“
- Коскено задебелување
- Се користи и за разложување и редукција на целулитни наслаги со одлични резултати.
Кога се применува терапија со ударни бранови?
Shockwave е акустичен бран кој испорачува висока енергија до болните фиброзното или мускулоскелетното ткиво со субакутни, субхронични и хронични состојби. Оваа енергија го промовира заздравувањето, регенерацијата и репаративниот процес на ткивото и меките ткива.
Ефекти на терапија со радијални ударни бранови
Радијалните ударни бранови нудат неинвазивно решение за проблеми со сврзното ткиво, проблеми со тетивите, разни патологии на меките ткива и калцификација. Причините поради кои е значајна примената на ударната терапија во процесот на рехабилитација на пациентите е тоа што се намалува болката, се забрзува метаболизмот, се нормализира реваскуларизацијата на ткивото и мускулниот тонус.


Колку третмани со ударни бранови се потребни?
Бројот на третманите со ударни бранови зависи од индикацијата поради која се јавувате на лекар. Лекарот одредува на почетокот на лекувањето колку третмани ќе бидат потребни, а кои може да ги редуцира во текот на лекувањето зависно од вашата реакција на терапијата. Најчест број на третмани е 3-5 кои се прават еднаш до два пати неделно.