Стручен тим
ПЗУ „Матар Медика“, специјалистичка ординација по физикална терапија и рехабилитација е основана во 2006 година. Од самиот почеток ординацијата е посветена на пациентите, намалување на болката и подобрување на квалитетот на животот. Низ годините, па до ден-денес, ординацијата се развиваше како во опрема за физикална терапија, така и во персонал. Физиотерапевтите кои работат во ординацијата се посветени на пациентите, и вредно и професионално се грижат за зачувување и подобрување на нивнотоздравје.
Во текот на годините, постојано се прошируваат индикационите подрачја кои ги покриваме со третманите, како во делот на превенција, така и во третманот на заболувањата на мускулоскелетниот систем. Па така, исклучително успешно се третирани невролошки, ревматолошки, трауматски и ортопедски заболувања.
Низ годините, пациентите ја препознаваат ординацијата по начинот и квалитетот на физикалните третмани и процедури, и секако успехот говори како низ годините пациентите стекнуваат доверба и своето и здравјето на членови од фамилијата ни го доверуваат токму на нас. Се трудиме да ја оправдаме довербата на пациентите, да се подобруваме секоја година и да сме секогаш поуспешни во она што значи здравствена услуга и задоволство на пациентот.
