Магнет терапија



Магнетната терапија е вид на терапија од областа на физикалната медицина која користи магнети со цел да се опорави заболеното место. За време на третманот со магнетна терапија, магнетното поле продира во клетките во телото, каде што делува на клеточните мембрани, промовира регенерација и ја олеснува апсорпцијата на кислород и други хранливи материи.
Магнетното поле со ниска фреквенција влијае на клеточната мембрана со зголемување на нејзината пропустливост. Ова го забрзува клеточниот метаболизам и го зголемува искористувањето на кислородот и хранливите материи во ткивото. Во случај на болест, оваа циркулација на материјата е забавена на клеточно ниво, а со нејзиното забрзување го поттикнувате заздравувањето.
Магнетната терапија е незаменлива процедура во физикалната терапија. Овој тип на терапија покажува низа предности во лекувањето, пред се поради широката палета на болести каде може да се примени, пациентите одлично ја поднесуваат и има мал број на контраиндикации. Се користи во ортопедија, физиjатрија, ревматологија, ендокринологија, неврологија, спортска медицина, во терапија на хронична болка, во превенција и терапија на стресни состојби. Магнетната терапија делува од клеточно ниво, преку органите до организмот како целина, а ефектите се следни:
- Антиедематозно (намалува отоци) и антиинфламаторно (го намалува воспалението)
- Аналгетско (намалува болка)
- Забрзува регенерација на ткивата (зараснување на рани, скршеници на коски, повреди)
Индикации:
- спортски повреди,
- скршеници на коските,
- воспалителен ревматизам,
- дегенеративен ревматизам,
- нарушување на периферната циркулација,
- дијабетична полиневропатија,
- рани кои бавно зараснуваат
- болка во грбот